/ /

Михајло Михајлов

Од аспект на мојот здравствен статус или состојба со најтешка моментална состојба, дијагноза параплегија со шифра Г-80, ми дава за правото од кој било аспект да дадам мое мислење или мој коментар на начинот и приодот до здравствените институции, мислам на болниците.

Значи, дали се од примарно, секундарно и терцијарно здравство, де факто треба да имаат големо разбирање со приодот и комуникацијата кон нас, затоа што во кој било момент јас имам голема потреба да се консултирам од низа мои здравствени причини – мислам и ќе посочам неколку: потреба од ортопед, невролог, уролог, физијатар, психијатар.

Значи, јас со моето место на живеење во Кавадарци сум лице со вроден телесен инвалидитет и со мојата животна здравствена еволуција секогаш сум барал начин и модалитет да имам коректен однос кон здравствените работници – мислам на докторите, медицински сестри и другиот персонал. Да, понекогаш сум доаѓал во дадена ситуација да бидам делумно недоволно разбран од одредени доктори, но по кратка полемика и дискусија сум барал начин и убедување дека мора да имаат големо разбирање кон фактичката моја здравствена ситуација, затоа што ако нема доволно коректно разбирање – иницира голема фрустрација и буквално се нарушуваат систематски повеќе здравствени ситуации.

Јас, како што кажав, со мојата вродена физичка попреченост уште од најрано детство имав потреба и прилики по здравствените институции да согледам каква е методиката и приодот кон мене – морав сам да наоѓам начин како да биде полесно и поедноставно кон двете страни. Имено, јас сум Претседател на меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Кавадарци“, и како автономна членка на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“, сум во Управниот одбор на Мобилност Македонија.

Да конкретизирам – значи од сите мои лични искуства и искуства на други лица, моја/наша задача е кога имаме тематски работилници околу проблемите со здравствените институции/системот, секогаш иницирам и се експонира проблемот буквално. Исто така, преку Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“ сме имале многу состаноци со ресорните министри за здравство и во директна комуникација сме укажувале за одредени проблеми.