
Взаемна помош и комуникација на лицата со телесна инвалидност и медицинските лица
И лицата со телесна инвалидност согласно Конвенцијата за правата на лица со инвалидност, имаат потреба од обезбедување на здравствена заштита.
Медицинските лица мора да направат едноставни прилагодувања за да обезбедат квалитетна и ефикасна комуникација како би ги приближиле своите услуги до овие лица.
Секој пациент, лице со телесна инвалидност има свои специфични потреби, а ќе наброиме неколку:
- Обезбедување пристап до самите ординации преку рампи, лифтови, паркинзи и слично;
- Доколку е изводливо ординациите да бидат на ниско приземје;
- Помош при соблекување или облекување;
- Помош при позиционирање за време на процедури како што се снимања, мамографија, физикални услуги и слично;
- Помош при пополнување на формулари (за лица со проблеми со горни екстремитети);
- Прилагодлива медицинска опрема што се спушта доволно ниско за лица со инвалидски колички (посебни стоматолошки столици);
- Разбирање околу термини за прегледи поради тоа што растојанието, временските услови и физичките пречки понекогаш ги оневозможуваат истите;
- Потреба од пристапни тоалети;
- Потреба од присуство на придружник при прегледи;
Ова е мал дел од препораки, а од голема помош за овие лица.
