/ /

Д-р Аспарух Димковски – стоматолог

Препорака од стоматолог

Формирање на повеќе тимови на  Стоматолошките клинички центар за работа со пациенти под општа анестезија, а со тоа и намалување на листите и времето на чекање потребни за стоматолошки интервенции кај лица со попреченост.

Поголем број од корисниците не можаат да соработуваат при поправка на заби и посета на стоматолог. Поради тоа потребно е препраќање и оперативен зафат на Скопска клиника. Проблемот е во тоа што долго време се чека термин за оперативен зафат, а корисниците за тој период мора да користат многу антибиотици за намалување на оток, болка…

Промени кои би сакале да ги направиме се додавање на посебен клик за ПРИОРИТЕТ на корисник кој навистина не може да чека термин со месеци. Исто така да има посебен дел за приоритет при чекање во чекална и побрзо завршување со прегледот кај докторот

СТОМАТОЛОШКИ ПРОТОКОЛ ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ( ХЕНДИКЕП)

  1. Разговор и припрема од страна на старателот со пациентот пред секој прв преглед  од страна на стоматолог.
  2. При прва посета задолжително запознавање на пациентот со стоматолошкиот тим и по можност поширока вербална комомуникација, а воедно и земање на дентална амнезија од страна на стоматологот за одредена дијагноза, терапија и сл. која што би требало да ја знае пред каква било стоматолошка интервенција.
  3. Детално запознавање со просторот и амбиентот во кој се вршат стоматолошки интервенции.
  4. Визуелно запознавање со инструментите, како и начинот на изведување на дел од интервенциите.
  5. Доколку станува збор за пациент кој има поголема попреченот, а со тоа помала можност за соработка со стоматолошкиот тим пожелно е да не се прави никаква интервенција при прва посета.
  6. Стоматолошките интервенции се прават со задолжително присуство на родител или старател или присуство на лице кое ужива голема доверба кај пациентот.
  7. Сите интервенции кај овие пациенти се вршат по истиот протокол и кај сите останати пациенти.
  8. Во одредени случаи кај што нема можност за сосработка на пациентот со стоматолошкиот тим на примарно ниво, тие случаи се праќаат на Стоматолошки клинички центар во Скопје, каде што се извршуваат интервенции под општа анестезија од обучени тимови на стоматолози и анестизиолози.
Заклучок

Искуствата на здравствените работници во Неготино покажуваат дека со вистинска соработка, подготовка и емпатија, третманот на лица со ментален хендикеп станува многу поуспешен и достоинствен. Со поддршка на Центарот „Порака“ Неготино, медицинските тимови развиваат пристап кој им овозможува на корисниците да се чувствуваат разбрани, безбедни и почитувани — токму она што секое лице го заслужува.