/ /

Д-р Даниела Станојоска Иванов-специјалист невролог

Препораки за комуникација, дијагностички и терапевтски одлуки кај лицата со попреченост:

1.Клучен момент е посветеноста лицата со попреченост да станат комплетни учесници во нашето општество и почит кон нив преку нашето однесување.

2.Најважната работа што треба да се запомни при комуникацијата со луѓе со попреченост е дека тие се луѓе. Нивната попреченост е само една од многуте карактеристики што ги имаат. Тие имаат исти потреби како и сите нас. Фокусот да биде на нивните способности, а не на нивната попреченост. Луѓето со попреченост се уникатни индивидуи кои имаат многу знаење, вештини, таленти, интереси и искуства што додаваат голема разновидност,  способност да се најдат брзи и паметни начини за надминување на тешкотиите и креативна енергија во нашето општество. Тие можеби прават работи на различни начини од луѓето без попреченост, но сепак можат да постигнат исти резултати.

3. Кога комуницирате со лица со попреченост, зборувајте директно со нив, а не со нивните придружници, асистенти или преведувачи, доколку тоа е можно (во зависност од попреченоста). Дозволете постепено запознавање со средината и персоналот, да се надмине страв, анксиозност, одбивност.

4. Слушајте ги родителите и старателите: Семјствата и старателите имаат богати информации за поединецот и за тоа какво било неговото здравје, вклучувајќи какви било коморбидитети и лековите што лицето ги зема. Тие го познаваат лицето добро и знаат како да се грижат за него кога не е во болница. Тие исто така знаат како тековното однесување на лицето може да се разликува од вообичаеното, како индикација дека нешто не е во ред.  Семјството или старателот можат да имаат кратки видеа од лицето за да ви дадат представа за неговото вообичаено секојдневие. Старателот со кој доаѓа во болница можеби не е нивниот вообичаен старател , па можеби ќе треба да разговарате со нивниот вообичаен старател што е можно побрзо.

5.Важно е да се направат правилните разумни прилагодувања при прегледот за донесувањето на коректни дијагностички и терапевтски одлуки за пациентот. Доколку е можно – дирекна консултација со пациентот. Целта е  да се отстранат бариерите, да се прават работите на поинаков начин или да се обезбеди нешто дополнително за да се овозможи лицето да добие проценка и третман што му е потребен. Можни примери вклучуваат доделување на клиничар по пол, собирање на крвни примероци со убод на прстот наместо со игла, обезбедување на тишината за да се види пациентот подалеку од непотребен шум и активност.

5.Комуницирајте со лицето за кое се грижите и обидете се да го разберете. Проверете кај самото лице, неговиот член на семејството или неговиот неговател или во неговата болница за најдобриот начин за постигнување на ова. Користете едноставен, јасен јазик, избегнувајќи медицински термини колку што е можно.

6.Разбирањето на однесувањето во однос на болеста, болката и непријатноста: лицето со когнитивна попреченост и некои аутистични лица можеби нема да можат да ги артикулираат своите реакции на болка на очекуваниот начин: на пример, можеби ќе кажат дека имаат болка во стомакот кога болката не е присутна; можеби ќе кажат дека болката е помалку акутна отколку што би очекувале; или можеби нема да кажат дека имаат болка. Некои можеби чувствуваат болка на поинаков начин или реагираат на неа поинаку: на пример, со демонстрирање на неадекватно однесување; смеење или плачење; обид да си нанесат болка; или исто така може да станат повлечени или тивки. Лицата кои користат инвалидска количка можат да имаат хронична болка. Разбирањето на тоа што е „нормално“ за таа личност преку разговор со нив, нивното семејство и негователите е клучно за помош во проценката и дијагнозата. Можете да користите слики за да помогнете да се утврди дали лицето е во болка и каде е таа болка.

7.Кај лицата со попреченост во учењето  и аутизам да се процени нивниот капацитет да донесат одлука за своето лекување или нега во согласност со комуникациските способности и потреби на лицето.

8. Да се процени менталната благосостојба: се проценува дека 40% од луѓето со пречки во учењето имаат проблеми со менталното здравје,  а истражувањата сугерираат дека луѓето со аутизам можеби се повеќе подложни на депресија отколку луѓето без аутизам. Промена во рутината може да има големо влијание на емоционалното и менталното благосостојба на луѓето. Болничкиот амбиент може да ги направи поанксозни или да доведе до непријатни однесувања, како што се повредување на други луѓе, себеповредување или оштетување на предмети, мебел. Потрудете се да откриете како најдобро да ги задржите мирни и релаксирани.