
Комуникацијата со лица со интелектуална попреченост бара посебен пристап, чувствителност, трпеливост и почит.
Здравствените работници играат клучна улога во обезбедувањето на еднаква и квалитетна здравствена грижа, за тоа е потребно:
- да се воведе обука на персоналот за комуникација со лица со попреченост,
- да се постават постери со пријателски пораки и симболи на инклузивност во здравствените установи,
- како и да се развиваат протоколи за пристап кон лица со попреченост.
- Секогаш треба да се обраќате кон ова лице со почит и да не го третирате како дете или инфериорен;
- Секој човек со интелектуална попреченост е различен, што значи дека е потребен персонализиран пристап од страна на здравствените работници, кои токму за тоа треба да прашаат или да се информираат за индивидуалните потреби на секое од овие лица;
- Треба да се користи едноставен и разбирлив јазик во кој ќе бидат употребени кратки реченици и конкретни прашања;
- Невербална комуникација како што се лице, тон и гестови може многу да значи за лицето кое има потешкотии со разбирање на говор, треба да се следиговорот на телото;
- Во комуникацијата со лицата со интелектуална попреченост потребно е да се одржува трпеливоста, да се дозволи време за разбирање и време за одговор. Многу е битно ова лице да не се прекинува и не се брза.
- Треба да се поставуваат прашања на начин што поттикнува разбирање. На пр.: Наместо „Разбра ли?“ подобро е прашањето да биде формулирано на овој начин: „Што разбра од тоа што кажав?“ или „Што мислиш дека треба да направиш?“;
- Во комуникацијата е потребно да е користат визуелни помагала како што се слики или симболи;-
- Доколку има важни информации потребное е да се повторат;
- При давање инструкции да не се избрзува, туку да се оди чекор по чекор;-
- При разговор да не се зборува само со неговиот придружник/старател, туку во разговорот да се вклучи и самото лице;
- Потребно е да се биде смирен и неосудувачки, како и тоа да се сфати чувството на ова лице;
- Доколку на лицето му е непријатно, не треба да се инсистира на очен контакт;
- Потребно е да се избегнуваат апстрактни или двосмислени изрази, подобро е да се биде директен;
- Потребна е рутина и структура во комуникацијата, доколку користат алтернативни методи (табла, апликација), треба да се прифатат.
- Како доказ дека лицето со ментална попреченост е активно слушано треба да се даде невербален сигнал на пр. Кимнување со глава;
- За да се покаже разбирање треба кажаното да се повтори и сумира и да се поттикне лицето да поставува прашања.
- Кога е можно треба да се почитува автономијата на лицето со попреченост;
- Во врска со материјалите за информирање истите треба да бидат обезбедени на лесно разбирлив јазик, и при тоа да се користат голем фонт, јасни реченици и слики.
- Многу е важно да се избегнува иронија, сарказам и апстрактен хумор, зборување во трето лице пред лицето со попреченост (на пример: „дали тој сака…“ наместо „дали ти сакаш…“), зголемен тон или употреба на детски глас;