/ /

Комуникација со лица со мобилна попреченост

1. Рамноправен пристап
Докторот да разговара со пациентот како со секој друг, без да го третира како „помалку способен“.
Да не користи покровителски тон или изрази на сожалување.


2. Без непотребна помош
Да не се станува или нуди физичка помош веднаш при влез на пациентот. Помошта се нуди само ако пациентот ја побара или ако е очигледно дека е неопходна.

3. Контакт на иста висина
Кога пациентот е седнат, особено ако е во инвалидска количка, докторот да седне на ниво на неговите очи за да не го гледа „од високо“.

4. Невербална комуникација
Да одржува пријателски контакт со очи, да не гледа во патерици, количка или други помагала наместо во пациентот.
Да избегнува изрази на лице кои асоцираат сожалување или изненадување.

5. Јасна и смирена комуникација
Да се зборува со нормален тон и темпо, без викање или забрзување.
Да се даде време пациентот да се изрази без прекинување.

6. Фокус на личноста, не на попреченоста
Докторот да прашува за симптомите и здравјето, а не прво за самата попреченост – освен ако тоа е релевантно за прегледот.
Да користи термини како „лице со попреченост“ наместо „инвалид“.

7. Охрабрувачка повратна информација
Наместо да нагласува ограничувања („ова нема да можете да го правите“), да фокусира на можности („ова ќе ви помогне полесно да…“).

8. Трпеливост и време
Да му се дозволи на пациентот повеќе време за објаснување на своите проблеми и прашања без чувство дека брза.

9. Вклучување во одлуките
Докторот да го прашува пациентот за неговото мислење и да го вклучи во процесот на донесување одлуки, наместо да носи одлуки во негово име.

10. Респект и приватност
Да не се коментира изгледот или начинот на одење.
Да се задржи истата почит кон приватноста како со секој друг пациент.

11. Специјален термин
Лицата со мобилна попречност  не се секогаш во можност да чекаат ред или да добијат термин во текот на денот поради кои треба пола ден да го потрошат  за тој термин.
Првите два термин да бидат резервирани за тие лица.